Екипата на Вардар Неготино ја забележа првата победа во Супер лигата, откако на гостински терен го совлада Куманово со резултат 27-26.
Куманово на полувреме имаше предност од 15-9. Во второто полувреме Вардар Неготино направи пресврт, па на крај да слави во Куманово.
Најефикасен кај Вардар Неготино беше Ѓорѓи Орешков со 10 погодоци, додека кај Куманово најефикасен беше Вучко Мрвовиќ исто така со 10 погодоци.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷