Ракометарите на Кичево 2020 им се вратија на победите, откако триумфираа на гостувањето кај екипата на Текстилец со резултат 36-24.
Тимот на Кичево 2020 имаше водство на полувремето од 16-13. Во вториот дел од натпреварот Кичево 2020, нeму дозволи на Текстилец да го преземи водството, за на крај екипата од Кичево да се радува на победа.
Најефикасен кај екипата на Кичево 2020 беше Кристијан Смилески со 11 погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Стојанче Ристов со 8 погодоци.
(фото – Рк Кичево 2020)📷