Екипата на Пелистер им се врати на победите во Супер лигата, откако на домашен терен беше совладана екипата на Скопје со резултат 35-27.
Пелистер на пауза замина со предност од 16-13. Во второто полувреме екипата на Пелистер ја зголемуваше разликата, за на крај да го совлада Скопје.
Најефикасна кај екипата на Пелистер беше Моника Босилковска со осум гола, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Јасмина Попова со девет гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷