Металург со убедлива победа против Овче Поле Славјански Универзитет

Ракометарките на Металург забележаа убедлива победа против ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со високи 34-20 во Супер лигата.

Металург од почетокот, па се до крајот на натпреварот имаше предност. На полувреме разликата беше 19-8 за составот на Металург.

Најефикасна во екипата на Металург беше Мила Трајковиќ со девет погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Вучевска исто така со девет погодоци.

(фото – ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести