Павле Атанасијевиќ потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со левиот бек Павле Атанасијевиќ.

Атанасијевиќ кој има 19 години ја игра третата сезона во битолскиот тим, прва во тимот на Ларс Валтер, и договорот е продолжен до јуни 2026 година.

“Рк Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ. 19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејтвото Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер. Новиот договор е со важност до јуни 2026 година. Веруваме дека Атанасијевиќ ќе го продолжи развојот и уште долго ќе остане во нашиот клуб. Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари во нашето ракометно семејство”, – изјавија од Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести