Чаир забележа победа против Спартак

Екипата на Чаир забележа победа против тимот на Спартак со конечен резултат 37-21 во натпревар од Женската Супер лига.

На полувреме Чаир обезбеди предност од 22-9. Во второто полувреме Чаир продолжи да го полни голот на Спартак, за на крај да забележи победа.

Најефикасна во тимот на Чаир беше Марија Николовска со седум погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска исто така со седум погодоци.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.