Гевгелија сигурна против Спартак

Екипата на Гевгелија забележа сигурна победа против тимот на Спартак со резултат 26-23 во Супер лигата.

Тимот на Гевгелија од почетокот на натпреварот имаше водство, па на пауза замина со предност од 13-9. Во второто полувреме Гевгелија продолжи со водството, па на крај да го совлада Спартак.

Најефикасна во тимот на Гевгелија беше Ленче Илкова со шест гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со девет гола.

(фото – ЖРК Гевгелија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести