Екипата на Алкалоид забележа убедлива победа против тимот на Струга со конечни 44-29 во Супер лигата.
Алкалоид од почетокот, па се до крајот на натпреварот имаше водство. На пауза Алкалоид замина со висока предност од 22-14. Второто полувреме беше само формалност Алкалоид да ја завери победата против Струга.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Петар Маркоски исто така со осум погодоци.
(фото – Рк Алкалоид)📷