Екипата на Еурофарм Пелистер 2 славеше победа против екипата на Скопје 2020 со резултат 28-23 во Супер лигата.
Тимот од Битола добро се испоти, за да го совлада домаќинот Скопје 2020. На полувреме Еурофарм Пелистер 2 имаше предност од 14-12.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Дејан Кукуловски со седум гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Дамјан Јакимовски исто така со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷