Тимот на Аеродром забележа убедлива победа против Драчево со високи 34-23 во натпревар од Првата лига.
Аеродром од почетокот, па се до крајот на натпреварот го надигра тимот на Драчево. На полувреме Аеродром имаше предност од 16-9.
Најдобри стрелци во тимот на Аеродром беа Иван Митревски и Виктор Трифуноски со по пет погодоци, додека кај екипата на Драчево најдобар стрелец беше Димитар Петковски исто така со пет погодоци.
(фото – Рк Аеродром)📷