Екипата на Фуксе Берлин за следната сезона го потпиша шведскиот интернационалец Џери Толбринг, кој настапува во ГОГ Гудме.
Левото крило со екипата на Фуксе Берлин потпиша тригодишен договор. Толбринг претходно има настапувано и за Рајн Некар Левен и Кристијанштад, а настапува и за репрезентацијата на Шведска.
„Се радувам на Берлин и на тимот. Тимот игра силен ракомет со одличен состав и сигурен сум дека можеме да играме за титули овде. Убаво е што повторно ќе играм во најсилната лига на светот“, – изјави Џери Толбринг.

(фото – Рк Фуксе Берлин)📷