По натпреварот помеѓу екипите на Барселона и Кил во Лигата на шампионите, имаше церемонија во “Блауграна”.
Виктор Томас кој има 37 години, и официјално замина во пензија, откако се збогуваше со навивачите и ракометарите на Барселона. На оваа церемонија тој за последен пат го облече дресот со бројот 8, кој ќе биде повлечен.
Освен семејството на Виктор Томас имаше присутни и поранешни ракометари со кои тој настапувал, како Ласло Наѓ, Даниел Шариќ, Нодесбо и други ракометари.
(фото – Рк Барселона)📷