Екипата на Охрид во рамки од 13. коло во Супер лигата, ќе ја пречека екипата на Струга во “Езерското дерби”, кое ќе се одигра во СЦ “Билјанини Извори” во Охрид.
За овој натпревар, своја изјава имаше и тренерот на Охрид, Горан Андоновски, каде ја повика навивачката група на Охрид, Рибари, да се врати на трибините и да ги поддржи против Струга.
“Пред нас е уште едно Езерско дерби коешто традиционално поминува во одлична атмосфера и голема посетеност, и во кое очекувам победа на Охрид. Голема штета е отсуството на навивачката група Рибари и ова дерби без нив ниту го има истиот сјај, а уште помалку и значењето. Постои проблем кој треба да го оставиме во минатото, за доброто на ракометот, за доброто на Охрид. Јас лично никогаш јавно лош збор не сум напишал или рекол за РИБАРИ, иако со поединци сме имале несогласувања, дури и јавно се извинив на навивачката група на почеток на оваа сезона. Време е сите заедно да тргнеме кон посветла иднина на ГРК Охрид”, – изјави тренерот Горан Андоновски.

(фото – ГРК Охрид)📷