Екипата на Вардар 1961 забележа убедлива победа против Куманово со резултат 37-21 во натпревар од Супер лигата.
Вардар 1961 уште на полувреме имаше висока разлика од 23-8. Второто полувреме беше само формалност Вардар 1961 да ја завери победата против Куманово.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Ален Ќосевски со 12 гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Вучко Мрвовиќ со 10 гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷