Алкалоид без проблеми до три бода против Вардар Неготино

Составот на Алкалоид без проблеми дојде до три бода на натпреварот против Вардар Неготино, откако славеше со високи 40-16 во Супер лигата.

Алкалоид добро го отвори натпреварот, па на пауза замина со предност од 18-9. Во второто полувреме Алкалоид продолжи да го полни голот на Вардар Неготино, за нова победа во Супер лигата.

Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со седум гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Драган Кузманов со пет гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести