Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од тимот на Бидасоа Ирун со резултат 32-20 во натпревар од Лигата на Европа.
За овој натпревар, своја изјава имаше и голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ.
„Се согласувам со сè што кажа тренерот. Имавме проблеми, но и покрај тоа требаше да одиграме подобро. Најдобрата опција за нас е сега да научиме од грешките и да се фокусираме на следниот натпревар кој што ни доаѓа за седум дена“, рече Кизиќ.