Ракометарките на Чаир забележаа убедлива победа против тимот на Пелистер со резултат 33-23 во Женската Супер лига.
Составот на Чаир уште на полувреме имаше висока предност од 18-12. Второто полувреме беше само формалност тимот на Чаир да ја завери победата против Пелистер.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Теодора Гулицоска со осум гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Мари Франсоа исто така со осум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷