Екипата на Бутел Скопје забележа висока победа против Јехона со убедливи 53-30 во елиминационото коло во Купот на Македонија.
Бутел Скопје немаше проблеми околу победата против Јехона, и на полувреме обезбеди предност од 25-13. Во второто полувреме Бутел Скопје ја сочува високата предност, за на крај да слави против Јехона.
Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Петар Цветковски со осум погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Мојсие Тасески со десет погодоци.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷