Шампион успеа да триумфира против Спартак

Екипата на Шампион успеа да триумфира против Спартак со резултат 30-24 во натпревар од Женската Супер лига.

Тимот на Спартак добро го започна натпреварот, и на пауза замина со водство од 15-12. Во второто полувреме екипата на Шампион со пресврт успеа да дојде до победа против Спартак.

Најефикасни во тимот на Шампион беа Сара Трајков и Симона Димитриевска со по шест голови, додека во тимот на Спартак најефикасна беше Зорица Андовска со седум голови.

(фото – ЖРК Шампион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.