Ракометарите на Вардар 1961 лесно се справија со тимот на Мулти Есенс во Купот на Македонија, откако славеа со убедливи 43-18.
Вардарци од почетокот на натпреварот беа во водство, па така тренерот Владо Недановски им даде шанса на сите ракометари што беа во ростерот на Вардар 1961.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Филип Талески со 9 голови, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасен беше Дамјан Митев со 5 голови.
(фото – Рк Вардар 1961)📷