Владимир Наумоски: Во куп натпреварот со Младост влегуваме мирно, сталожено и со ладни глави

Екипата на Охрид викендов ја очекува натпревар во рамките од Купот на Македонија против екипата на Младост од Богданци.

За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Владимир Наумоски.

“Младост е добра, комбинирана екипа составена од млади играчи и постари играчи кои исклучително се трудат и се на пат кон влегување во Супер лигата. Ние и покрај ремито во Езерското дерби, во куп натпреварот со Младост влегуваме мирно, сталожено и со ладни глави. Како и на секој натпревар до сега максимално ќе се потрудиме да извојуваме победа”, – изјави Владимир Наумоски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести