Тинекс Пролет ја мина првата пречка во натпреварувањето од Купот на Македонија, совладувајќи го составот на Аеродром со резултат 35-33.
Аеродром се покажа како незгоден ривал, овој состав видно мотивиран влезе во натпреварот и ја презеде контролата над резултатот.
Лембанов во второто полувреме уфрли дел од поискусните ракометари, кои предводени од одличниот Иван Џонов донесоа целосен резултатски пресврт.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Иван Џонов со седум погодоци, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Никола Анакиевски со десет погодоци.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷