Радовишани со триумф над Преспа се пласираа во следната фаза од Купот

Екипата на Радовиш забележа победа против Преспа со резултат 34-21, и се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија.

Тимот на Радовиш од почетокот на натпреварот ја зголемуваше разликата против Преспа, а гостите немаа сили да му се спротистават на домаќинот.

Најефикасен во тимот на Радовиш беше Јакша Вјештица со десет гола, додека кај екипата на Преспа најефикасен беше Били Милишевски со шест гола.

(фото – Рк Радовиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.