Чаир загуби и на вториот натпревар против Макаби и се прости од Европа

Составот на Чаир загуби и на вториот натпревар против тимот на Макаби Аразим Рамат Ган со конечни 37-31, и се прости од Европскиот Куп.

Во првото полувреме водството го презеде тимот на Макаби Аразим Рамат Ган, и на пауза замина со предност од 16-15. Во второто полувреме тимот од Израел продолжи со водството, за на крај да го совлада Чаир.

Најефикасна во тимот на Чаир беше Гулицоска со 12 голови, додека кај екипата на Макаби Аразим Рамат Ган најефикасна беше Теплицки со 8 голови.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.