Екипата на Охрид успеа да го совлада Младост 1977 Богданци со високи 41-20 во Купот од Македонија.
Охрид на полувреме направи висока предност од 22-11, па второто полувреме беше само формалност екипата на Охрид да ја завери победата против Младост 1977 Богданци.
Најефикасен во тимот на Охрид беше Тасески со седум гола, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најефикасен беше Наумовски со четири гола.
(фото – ГРК Охрид)📷