Екипата на Еурофарм Пелистер одигра нерешено против тимот на Бидасоа Ирун со 29-29 во натпревар од Лигата на Европа.
За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Гоце Ојлески.
“Мислам дека одигравме добар натпревар, имавме и добри и лоши моменти. Сакавме со победа да ја завршивме полусезоната, но се почувствува тој замор и добро е што се вративме и освоивме бод. Мислам дека треба да бидеме задоволни”, – изјави Гоце Ојлески.