Данскиот ракометар Матијас Гидсел потпиша нов договор со екипата на Фуксе Берлин.
Договорот е потпишан до јуни 2028 година. Претходно Гидсел настапуваше за ГОГ Гудме, а настапува и за репрезентацијата на Данска.
“Бев презадоволен од првите неколку месеци овде во Фуксе Берлин, во клубот и од навивачите и градот. Се повеќе сум среќен што го продолжив договорот овде до 2028 година”, – изјави Матијас Гидсел.

(фото – Рк Фуксе Берлин)📷