Екипата на Охрид во последниот натпревар од машката Супер лига, ја очекува гостување кај екипата на Вардар Неготино.
За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Дејан Шешиќ.
“Од наредниот натпревар со Вардар Неготино очекувам да дадеме 100% од нашите можности оваа полусезона да ја завршиме како што треба. Да не го доведеме во прашање исходот на мечот и нашите бодови. Одиме во Неготино по 3 бода и да одиме на заслужен одмор. Нема да дозволиме натпреварот да отиде во неизвесност како што тоа беше случај дома”, – изјави Дејан Шешиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷