Во последните секунди Бутел Скопје до победа против Алкалоид

Екипата на Бутел Скопје во последните секунди дојде до победа против тимот на Алкалоид, откако го совлада со минимални 28-27 во Супер лигата.

На полувреме двете екипи заминаа со нерешени 14-14. Во второто полувреме беше неизвесно, но во последните секунди екипата на Бутел Скопје погоди, за победа против Алкалоид.

Најефикасен во тимот на Бутел Скопје беше Филип Николов со 11 гола, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со 8 гола.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.