Пуштени во продажба влезниците за спектакуларниот меч на РФМ

Билетите за големиот хуманитарен ракометно музички настан се веќе во продажба преку МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.

Не го пропуштајте спектакуларниот ракометен меч помеѓу актуелните и поранешните ракометни репрезентативци проследен со трето, музичко полувреме на кое ќе настапат Драган Спасов Дац и Александар Митевски, Кики Мукаетова, Некст Тајм и Меморија. Водител на настанот е Сашко Коцев.

Приходите од продажба на билетите ќе бидат наменети за СОС Детско село. Повеќе информации на линкот https://bit.ly/rfm-bileti-nastan.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести