Екипата на Партизан Гевгелија забележа убедлива победа против Борец со резултат 41-25 во натпревар од Првата лига.
Партизан Гевгелија добро го започна натпреварот, па на полувреме обезбеди предност од 20-14. Во второто полувреме тимот од Гевгелија ја зголемуваше разликата, за на крај да го совлада Борец.
Најефикасен во тимот на Партизан Гевгелија беше Марко Михајловиќ со десет погодоци, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Антонио Јаневски со девет погодоци.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷