Борко Ристовски заврши со Лемго и прави камбек во Вардар 1961

Македонскиот голман Борко Ристовски, го заврши договорот со бундеслигашот Лемго, и се враќа назад во екипата на Вардар 1961.

“Би сакал да му се заблагодарам на целиот клуб, тимот и големите навивачи за изминатите недели. Ме направи горд што сум дел од овој тим и ТБВ Лемго. За во иднина му посакувам среќа и успех на клубот и убеден сум дека тимот ќе им приреди многу радост на навивачите во понатамошниот тек на вториот круг. Благодарам, Лемго“, – изјави Борко Ристовски за сајтот на Лемго.

(фото – Рк Лемго)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.