Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави ковид-протоколите за настап на Светското првенство во Полска и Шведска.
Според протоколите на ИХФ, сите ракометари и стручните штабови ќе бидат тестирани пред првиот натпревар, пред главната групна фаза и пред четвртфиналето. Потоа сите лица кои ќе имаат контакт со играчите (освен судиите) мора да носат заштитни маски.
Во случај на позитивни ракометари, мора да заминат на петдневен карантин, па потоа да има негативен тест за настап на Мундијалот.
Целиот проткол за Ковид-19, за Светското првенство во Полска и Шведска може да го видете на следните линкови:
https://www.ihf.info/competitions/men/308/28th-ihf-mens-world-championship-2023/101253/news/118459
(фото – ИХФ)📷