Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките за пролетниот дел

Екипата на Еурофарм Пелистер со денешните медицински тестови ги започна подготовките за пролетниот дел на сезоната 2022/2023.

Тренерот Ларс Валтер денес ги собра ракометарите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и им ја соопшти агендата на подготовки до крајот на јануари. Ракометарите ќе тренираат во следните две недели во Битола, до крајот на неделата и двапати дневно

Од 26 јануари Врбас ќе биде база на пелистерци, а на 29 јануари и 2 февруари планирани се и два натпревари од СЕХА Гаспром лигата. Враќањето во Битола е предвидено за трети февруари.

На прозивката отсутни беа репрезентативците Кузманоски, Кизиќ, Пешевски, Павле Атанасијевиќ, Костески (Македонија), Лесјак (Словенија) и Радовиќ (Црна Гора). Комплетно заздравен е Мартин Велковски, кој не настапи во првиот дел од сезоната.

Заради повреда пролетниот дел ќе го пропушти Руди Сери. Во Битола веќе пристигнаа и интернационалците Дејвис, Васиљев, Хосни, Хенеберг и Суси. Мохамед Суси ја минува фазата на рекуперацијата по зафатот на коленото во ноември 2022 година и лекарските прегледи ја покажуваат неговата еволуција и одличен напредок.

Се очекува негов настап на пролетните натпревари во Супер лигата, Купот на Македонија и ЕХФ Лига Европа. Првиот европски натпревар во 2023 година, Еурофарм Пелистер ќе го одигра на седми февруари во Данска против Архус.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.