Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски и повремениот член на репрезентацијата Михаил Аларов во пролетниот дел од сезоната ќе играат за Вардар.
Управата на Вардар се договори со скопскиот суперлигаш Тинекс Пролет каде досега играа двајцата ракометари да се преселат во СЦ „Јане Сандански“ и да му помогнат на тимот во одбрана на двојната титула.
Двајцата ракометари требаше да дојдат во Вардар од јуни, и да останат две сезони. Сега порано ќе го облечат шампионскиот дрес на „црвено-црните“ и ќе имаат шанса побрзо да се вклопат во играта на Вардар.
Михаил Аларов веќе тренира со тимот, а Јагуриновски се очекува да се приклучи по завршувањето на настапот на СП во Полска каде тој е со репрезентацијата на Мкедонија.
(фото – Рк Вардар 1961)📷