Екипата на Куманово, каде ќе се бори за опстанок во Супер лигата продолжува да се засилува, откако во своите редови донесе нов ракометар.
Станува збор за Зоран Ѓурковиќ, кој има 37 години и е српски ракометар висок 197цм. Тој потекнува од Велика Плана и има настапувано за екипите на Морава од Велика Плана, Црвена Звезда, Смедерево, Пожаревац и Хајдук Вељко од Неготин.

(фото – МРК Куманово)📷