Репрезентацијата на Македонија загуби од репрезентацијата на Норвешка со високи 39-27 во 1. коло од групната фаза на Светското првенство.
Селекцијата на Норвешка од почетокот на натпреварот имаше водство, па на пауза замина со предност од 18-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Норвешка, за на крај да ја совлада Македонија.
Најефикасен кај Македонија беше Талески со седум гола, додека кај Норвешка најефикасни беа Род и Сагосен со по шест гола.
(фото – РФМ)📷