Во Скопје се одржа “Global Handball Summit 2023”

Изминативе неколку денови во Скопје се одржа голем ракометен собир „Global Handball Summit 2023“, каде беа собрани големи ракометни имиња и тренери.

На настанот беа присутни Давид Дејвис, Ненад Шоштариќ, Лино Червар, Кире Лазаров, Серхио Санчез, Антонио Карлос Ортега, Матс Олсон, Марија Лојаница, Славе Николов и Ѓорги Начевски и други. 

Настанот го отвори генералниот секретар на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), проф. д-р Сашо Поповски. Учесници имаше и од Македонија.

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), Даниел Димевски додели сертификати на предавачите и учесниците на самитот кој што беше под покровителство на Македонскиот олимписки комитет.

(фото – Global Handball Summit 2023)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести