Ракометарките на Ѓорче Петров загубија од екипата на Јарослав со 30-22 и се елиминирани од Европскиот Куп.
Екипата на Јарослав на полувреме имаше водство од 12-7. Во второто полувреме Јарослав ја зголемуваше предноста, за на крај да го совлада тимот на Ѓорче Петров.
Најефикасна во составот на Ѓорче Петров беше Николовска со пет погодоци, додека кај екипата на Јарослав најефикасна беше Гаџина со осум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷