Екипата на Охрид од денеска 21.01.2023 година, па се до четврток 26.03.2023 година ќе замине на зимски подготовки.
Зимските подготовки на Охрид ќе се одвиваат во Шабац, Србија. Гладијаторите покрај тренинзите, ќе одиграат и три пријателски натпревари со врвот на српската лига, со екипите на Црвена Ѕвезда, Металопластика и Партизан.
“ГРК Охрид одлучи својот централен бек #22 Владан Кастратовиќ да го прати на позајмица во МРК Куманово. Му посакуваме успешна полусезона”, – изјавија од ГРК Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷