Македонија поразена од Тунис во Президент Купот

Репрезентацијата на Македонија загуби од репрезентацијата на Тунис со резултат 33-28 во натпревар од Президент Купот.

Тунис добро го започна натпреварот, па до полувреме обезбеди предност од 16-14. Во второто полувреме Македонија успеа да се врати, и да дојде до водство, но селекцијата на Тунис направи пресврт, за на крај да слави победа.

Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Кузмановски и Манасков со по седум гола, додека кај селекцијата на Тунис најефикасен беше Дармул со осум гола.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести