Репрезентативец на Исланд, потпиша за германски Минден

Германскиот тим Минден се засили со нов ракометар, а тоа е репрезентативецот на Исланд, Свен Јохансен.

Јохансен настапува на позицијата кружен напаѓач и со екипата на Минден потпиша договор до јуни 2024 година. Тој доаѓа од екипата на Скјерн.

„Навистина се радувам на претстојното време во Минден. Играњето во Бундес лигата отсекогаш била моја цел, па тоа е одлична можност за мене. Слушнав многу добри работи за Минден и навистина со нетрпение очекувам да работам со целиот тим”, – изјави Свен Јохансен.

(фото – Рк Минден)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести