Екипата на Младост 1977 Богданци во продолжението од сезоната се засили со нов ракометар, кој потекнува од школата на Младост.
Станува збор за средниот бек Душан Каркалашев, кој е роден 2004 година и потекнува од екипата на Младост од Богданци. Тој потпиша договор на една со можност на уште една година.
Каркалашев настапуваше и за кадетската репрезентација на Македонија во 2020 година.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷