Ракометарите на Вардар викендов ќе гостуваат во Прешов, Словачка каде ќе го играат првиот меч од новата сезона во СЕХА Газпром лигата.
Средбата меѓу Вардар и Татран Прешов е во сабота од 16 часот. На подготовките во Скопје недостасуваат само репрезентативците кои настапуваат на СП во Полска и Шведска. Тие ќе пристигнат во четврток, а потоа заедно со екипата патуваат за Прешов.
Со тимот тренираат и Михаил Аларов кој дојде од Пролет, и Бразилецот Леонардo Дутра. Томислав Јагуриновски поради скинато мускулно влатко предвреме се врати од СП, и беше на поштеда, но и тоj ќе патува за Словачка.
„Ги одработуваме подготовките во Скопје и со ракометарите кои максимално посветено ги извршуваат задачите. Поради настинки некои отсуствуваа од некои тренинзи, но најважно е што како се наближува почетокот на првенството формата се подобрува. Ме радува што и новите играчи веќе влегуваат во системот на Вардар, но секако ќе им треба време. Со Дутра, Аларов и Јагуриновски ќе имаме и можност за поголема ротација во играта. Ги очекуваме и нашите репрезентативци од СП со кои Вардар пролетва ќе биде повторно силен. Не очекуваат повеќе натпревари, а веднаш по гостувањето во Словачка се враќаме дома и следната среда ќе бидеме домаќини на Партизан повторно во СЕХА лигата. Очекувам и публиката да биде со нас, бидејќи во следните месеци доаѓаат силни, интересни и важни натпревари”, – вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.
(фото – Рк Вардар 1961)📷