Селекцијата на Македонија ја совлада селекцијата на Јужна Кореја со резултат 36-33 и го освои 27 место на Светското првенство.
Македонија добро го започна натпреварот, па на полувреме замина со предност од 19-18. Во второто полувреме Јужна Кореја успеа да се врати, но на крај Македонија не дозволи да загуби.
Најефикасни кај репрезентацијата на Македонија беа Филип Кузмановски со осум погодоци и Ненад Костески со шест погодоци.
(фото – РФМ)📷