Филип Вујовиќ е нов ракометар на Бенидорм од Шпанија

Репрезентативецот на Црна Гора, Филип Вујовиќ во продолжението од сезоната 2022/2023 ќе има нов клуб.

Тој потпиша договор со екипата на Бенидорм од Шпанија. Вујовиќ настапува на позицијата лево крило, и доаѓа од екипата на Извиѓач.

„Мојот избор беше прилично едноставен. Ми се допаѓа тоа што е развоен проект полн со амбиција и натпреварувачки дух. Мислам дека ова е клуб во кој ќе можам да растам како играч, но и да помогнам на општиот колективен развој. Многу сум среќен што се враќам во натпреварување кое добро го познавам, во нов напор. Се радувам на се што ќе дојде затоа што мислам дека не очекуваат позитивни работи. Мислам дека ќе заслужиме место во првата половина“, – изјави Филип Вујовиќ.

(фото – Рк Бенидорм)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести