Екипата од Романија, Рапид Букурешт се засили со нова ракометарка за следната сезона.
Станува збор за Лаура Канор, која доаѓа од екипата на Мец. Има 2 шампионски титули на Франција (2019 и 2022 година) и 2 француски купови (2019 и 2022 година).
„Многу сум среќна што се приклучувам на тимот на Рапид Букурешт. Тоа е клуб и тим со силни амбиции. Едвај чекам да ја доживеам атмосферата создадена од навивачите на рапидистите, за која немам ништо друго освен зборови за пофалби“, – изјави Лаура Канор.
(фото – ЖРК Рапид Букурешт)📷