Ракометната Федерација на Египет објави дека нема да биде продолжена соработката со селекторот Роберто Гарсија Парондо.
Федерацијата и Парондо биле во преговори, тој да се посвети само на репрезентацијата, но тој одбил, и поради тоа нема да му биде продолжен договорот.
Парондо во селекцијата на Египет пристигна во 2019 година, тој во 2020 година го освои Африканското првенство, а исто во 2020 година го освои четвртото место на Олимписките игри во Токио.
(фото – Ракометна Федерација на Египет)📷