Никола Карабатиќ потпиша нов договор со ПСЖ

Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ го продолжи договорот со екипата на ПСЖ.

Карабатиќ го продолжи договорот со ПСЖ до јуни, 2024 година. Тој во ПСЖ пристигна во 2015 година од екипата на Барселона, а настапуваше и за екипите на Монпелје и Кил.

„Мојата желба и желбата на клубот отсекогаш била да ја продолжиме оваа заедничка историја, која започна во 2015 година. Со текот на годините, покажавме дека Пари Сен Жермен е еден од водечките светски ракометни тимови. Многу сум среќен што имам можност да играм за овој тим до 2024 година. Ќе продолжам да давам се од себе за моите соиграчи и за навивачите. Имаме уште некои големи работи што треба да ги постигнеме заедно“, – изјави Никола Карабатиќ.

(фото – Рк ПСЖ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести