Црногорскиот ракометар Владан Липовина во продолжението од сезоната ќе има нов клуб во својата кариера.
Липовина потпиша договор до крајот на сезоната со германскиот тим Магдебург. Тој доаѓа од екипата на Вецлар, а има настапувано и за екипите на Металург, Рајн Некар Левен, Балинген и Ловќен Цетиње.
„Магдебург е еден од најдобрите тимови во светот и тие го имаат еден од најдобрите тренери. Затоа, јас сум многу среќен што овој потег успеа и благодарен сум што Вецлар се согласи на моето барање“, – изјави Владан Липовина.

(фото – Рк Магдебург)📷